22.08.2020

Комеморацијата ќе се одржи в понеделник...

Комеморација за Драган Василов - Цевка

 

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија информира дека во понеделник, (24.08.2020) со почеток во 12:30 часот, во салата СРЦ Кале (голема сала) ќе се одржи комеморативна седница за Драган Василов - Цевка.

Комеморативната седница ќе се одржи согласно мерките и препораките за превенција и заштита од COVID - 19.