АКАДЕМИЈА ФМП
Кошаркарите на Академија ФМП во просек реализираа(т) по 82.75 поени на домашен и нешто помали, по 80.33. поен на гостински терен.
Интересно, во нивната споредбена статистика во седумте одиграни натпревари, стои дека имаат подобра реализација во обидите за три поени кога играат на гостински паркет (28% спрема 23.17% на домашен). На последните три натпревари ја поправија „домашната статистика“.
ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ
Стружани одиграа седум натпревари досега. И на последните неколку средби скоро и го изедначија оној баланс во повеќето статистички категории. Имаат по 51% на реализација за два поени, без оглед на тоа дали играат дома или на гостински терен. Слична им е и изведбата на слободните фрлања (62.86% на домашен односно 61.7% на гостински терен).
Прволигашот од Струга сеуште има многу повеќе скокови и додавања, но и загубени топки кога игра како гостин.
ЕУРО НИКЕЛ 2005
Еуро Никел 2005 одигра шест од планираните десет натпревари досега. Доста добро го користат домашниот терен, на кој во просек постигнуваат по 96.поени. Далеку повеќе отколку на гостински – 86.4.
Исто така имаат подобра реализација во обидите вредни за два и за три поени, но не и од линијата за слободни фрлања. „Пеналите“ ги изведуваат со 82.11%, многу повеќе од оние 70.83% во „Јасмин“.
ГОСТИВАР
Со оглед на тоа дека досега одиграа четири од вкупно шест средби, на домашен терен, јасно е дека бројките се на онаа домашна „страна“. На мечевите одиграни во салата „Младост“, гостиварци имаат просечни 94.5 поени, на двете гостувања, во просек дадоа по 74.поени. И сите други статистички параметри, очекувано, одат во прилог на тоа дека се реализирани на теренот во Гостивар.
КОЖУВ
Зад кошаркарите на Кожув се само три одиграни натпревари. Два од нив на теренот на противниците, еден дома, во Гевгелија на кој реализираа 84.поени. Доста повеќе во однос на оние две гостувања, каде дадоа само по 68.5 поени во просек.
Тој еден меч не треба да биде мерило, но тимот на Александар Јончевски одигра многу подобро отколку на гостувањата со ТФТ и со МЗТ Скопје Аеродром, макар што загуби од Работнички.
КУМАНОВО 2009
Беа екипа, до пред извесно време, која важеше дека одиграла најмногу одиграни натпревари во лигата. Скор, три победи и два порази, и приближно слични вредности во споредбата, дома/гости.
Кумановци дале малку повеќе поени на гостински терен, 82.33 во однос на домашниот 81.5. Имаат послаба реализација на слободните фрлања, но подобра во обидите за два поени, скоро индентична од линијата зад 6.75 метри (по 30%).
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
Три домашни и еден гостински натпревар се зад кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. И интересно, просекот на дадените поени е многу повисок кога играле надвор од СЦ „Јане Сандански“. На гостувањето кај Работнички дадоа 90. поени, додека на оние две средби дома, тој просек сега го приближија на 86.67. Стои и податокот дека досега, „металците“ шутираат подобро за три поени (43.48% на гости во однос на 37.5% на домашен паркет).
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА
Одиграа една средба повеќе на домашен терен од оние пет одиграни во оваа прва фаза на првенството. На последниот, стигнаа и до првата победа откако играат во Првата лига.
Факт е дека играат подобро на домашен терен, даваат по 79.33 поени, повеќе во однос на гостинските – 69.5. Изненадувачки, процентот на реализација е подобар на гости. Особено во шутот за еден поен (69.7% во однос на 61.25%), и за два поени, каде младите „металци“ имаат 53.26% во однос на оние 43.48% реализирани на домашен терен.
Голема е и разликата во бројот на остварените скокови (133 спрема 63), како и во графите на освоени, односно загубени топки во корист на „домашното броење“.
РАБОТНИЧКИ
Максимален број на победи до последниот натпревар, имаа кошаркарите на Работнички. Но одиграа доста слабо во дербито со Пелистер на домашен терен, и го намалија просекот на дадени поени на 88 по меч, помал во однос на реализираните просечни 93.5 поени на гостински паркет.
Послабо реализираа од линијата за слободни фрлања на гости (60.37% во однос на 76.19%), но се многу подобри во обидите за три поени (45.16%-36.36%), и за два поени (64.62% спрема 57.45% кога играа како гости.
ТФТ
Новакот во оваа конкуренција одигра шест натпревари. Три на домашен, и исто толку на гостински терен. Дојдоа до сосема солиден ефект од четири победи и два порази. А одиграа, статистички барем, со нијанса подобри бројки на гости.
Имаат реализирано по 84.67 поени на гости, а 82 поени како домаќини. Со подобра реализација за два (53.91%) и за три поени (30.12%) на теренот на противникот.
ВАРДАР
Една, ама вредна победа имаа младиот состав на Вардар во шест одиграни од планираните десет натпревари. И дури четири од нив се одиграни во малата сала на СРЦ „Кале“.
Очекувано, затоа се далеку поефикасни кога играле на домашен терен каде имаат просечни 80.5 поени во однос на оние 62.5 кои ги даваат кога играат како гости. Во оние битни статистички категории, стои дека имаат скоро идентична реализација во шутот за два поени (51.08%-51.67%), и скоро тројно повеќе скокови (150 спрема 52), делумно и поради подоцнежното приклучување на Марко Дујковиќ, кој ја поправи таа статистичка кагегорија кај „црвено-црните“ на последните три мечеви.
ПЕЛИСТЕР
Единствената екипа која на сите шест натпревари во оваа прва фаза дојде до позитивен резултат. Одиграа по три мечеви на домашен, и исто толку на гостински терен. Со максимален ефект, шест победи.
Дома даваат по 113, а на гости по 100.67 поени на натпревар. Подобро погодуваат за три поени во салата „Боро Чурлевски“ (со 53.73%) на успешност, но и за два поени (69.5%). Имаат пет скока помалку на домашен паркет (104 спрема 109 на гостински), и асистенции (33 спрема 38).
Доволно за позицијата број 1 во Првата лига на паузата.
Комплетната споредбена статистика на екипите од Првата лига-мажи – на следниот ЛИНК