12.06.2018

Комплетиран првиот ден на F8 во М12

Најмладите кошаркари кои се натпреваруваат во лига тековната сезона за титулата разигруваат во F8 систем. Првиот натпреварувачки ден беше комплетиран вчера, а натпреварите беа одиграни во спортската сала „Независна Македонија“ при основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“.

Денес ќе се одиграат два полуфинални дуела, а утре ќе се разигрува за третото место и за шампионската титула.

РЕЗУЛТАТИ ПРВ ДЕН Ф8 М12
МЗТ С.А. - Баскет Кам 70-45
Вардар 2 - Спортисимо 63-41
Вардар 1 - Дино Баскет 65-25
Водњански Лисици - ФМП Академија 2-0 

Денес и утре натпреварите ќе се одиграат во малата сала на „Кале“.

Првото полуфинале, помеѓу МЗТ С. А. и Водњански Лисици ќе започне во 17:00 часот, второто полуфинале е закажано за два часа подоцна, а ќе се пресметаат екипите на Вардар 2 и Вардар 1.