18.03.2017

Комплетирана првата фаза од турнирот за девојчиња до 14 години

Со одигрување на последниот натпревар помеѓу екипите на Струга и Бадел 1862 е комплетирана првата фаза од турнирот за девојчиња до 14 години. Во првиот натпревар, кошаркарките на Шкупи ги совладаа врсничките на Гостивар со 39-34 и се пласираа во втората фаза на турнирот. Противник на кошаркарките на Шкупи ќе бидат кошаркарките на Пелистер кои ги совладаа младите кошаркарки на МВП Скопје со 11-37. Трокал го совлада Баскет Кам со 35-11 и се пласира во втората фаза каде за противник ќе ги има кошаркарките на Струга кои ја комплетираа првата фаза со триумф над Бадел 1862 со 42-15.

Во втората фаза ќе се натпревруваат и поразените екипи.

Гостивар, иако загуби на првиот натпревар од Шкупи во втората фаза ќе се пресмета против МВП Скопје и ќе ја отвори втората фаза на натпревари. Час подоцна Баскет Кам ќе одигра уште еден натпревар против кошаркарките на Бадел 1862. 

Сите фотографии од натпреварите на денешниот турнир можат да се погледнат на официјалната Фејсбук страница на Македонската кошаркарска федерација на следниот линк.