29.09.2020

Екипите кои испаднаа во елиминациите од ФИБА Лигата на Шампионите, продолжуваат понатаму...

Комплетирани групите во ФИБА Евро Купот, стартот на натпреварите на 6. јануари

По одигрувањето на натпреварите од четирите квалификациски турнири од ФИБА Лигата на Шампионите, стана јасен и распоредот на групите во второто според квалитет, натпреварување, ФИБА Еврокупот.

Шест екипи кои испаднаа во првиот елиминациски круг, Анвил Влоцлавек (Полска), Балкан Бугарија) Дњипро (Украина), Фрибург (Швајцарија), Ираклис (Грција), и Лондон Лајонс (Велика Британија, и оние кои загубија во финалните мечеви, Монс (Белгија), Донар Гронинген (Холандија) и Спортинг (Португалија), го најдоа своето место во групната фаза на ФИБА Евро Купот.

Овие девет екипи им се приклучуваат на 16. кои претходно беа дел од ждрепката за новата натпреварувачка сезона која, за разлика од претходните, ќе стартува во помалку невообичаен термин – 6. јануари, 2021 година.

Ќе се одвива во седум натпреварувачки групи. Четири од нив ќе имаат по четири клуба учесници, а три групи ќе бидат составени од по три.

По двете најдобри екипи од седумте групи, плус две кои ќе завршат како најдобри кај третопласираните, ќе се пласираат во ТОП 16 фазата која ќе се игра по нокаут-систем (дома-гости).

ФИБА Европа ја разгледува можноста за организација на натпреварите на едно место-град, во т.н. „меури“. А конкретните предлози ќе бидат презентирани на следниот состанок на Бордот.

СОСТАВ НА ГРУПИТЕ ВО ФИБА ЕВРО КУПОТ ЗА СЕЗОНАТА 2020/2021

ГРУПА А: Егис Керменд (Унгарија), Монс (Белгија), Ираклис (Грција), Реџо Емилија (Италија)

ГРУПА Б: Киев Баскет (Украина), Рилски Спортист (Бугарија), Прометеј (Украина)

ГРУПА Ц: Ирони Нес Зиона (Израел), Шолнок (Унгарија), Спортинг (Португалија), Слам Стал (Полска)

ГРУПА Д: Орадеа (Романија), Сибиу (Романија) Бешикташ (Турција)

ГРУПА Е: Анвлил (Полска), Фрибург (Швајцарија), Дњипро (Украина), Лондон Лајонс (Велика Британија)

ГРУПА Ф: Донар Гронинген (Холандија), Морнар (Црна Гора), Ден Бош (Холандија), Борисфен (Белорусија)

ГРУПА Г: Балкан (Бугарија), Кафенберг (Австрија), Парма (Русија)