Кошаркарките на Измит Беледесиспор го победија Мишколц (85:68), а Спар Џирона екипата на Сепси Сиц (76:54), и станаа последните два учесници во групната фаза на ФИБА-Евролигата во женска конкуренција.
Турскиот претставник „влегува“ во групата „А“ во која се уште екипите на Динамо Курск и Надежда од Русија, и Перфумериа Авенида (Шпанија).
Екипата од Шпанија пак ќе биде дел од групата „Ц“ во која се рускиот Екатеринбург, Фамила Скио (Италија) и ТТТ Рига (Летонија).
По комплетирањето на четирите групи, и промената на системот за натпреварување, во периодот од 29.ноември до 5.декември, односно 17-23.јануари, 2021 година, ќе се одржат првите два „балони“-турнири во ова натпреварување.
Џирона ја доби организацијата на првиот собир во групата „Ц“, додека во улога на организатори се уште и Фенербахче, на турнир од групата „Б“, односно Сопрон, каде ќе се играат натпревари од групата „Д“.
ГРУПИ ВО ЕВРОЛИГА-ЖЕНИ
ГРУПА А: Динамо Курск (Русија), Надежда (Русија), Авенида (Шпанија), Измит Беледесиспор (Турција)
ГРУПА Б: УСК Прага (Чешка), Фенербахче (Турција), Асвел Феминин (Франција), Арка Гдиња (Полска)
ГРУПА Ц: Екатеринбург (Русија), Фамила Скио (Италија), Спар Џирона (Шпанија), ТТТ Рига (Летонија)
ГРУПА Д: Сопрон (Унгарија), Бурж (Франција), Галатасарај (Турција), Баскет Ландес (Франција)