21.08.2025

По одигрувањето на втората фаза од претквалификациите, познати се 32. учесници во главните квалификации за Светскиот куп

Комплетирани се квалификациските групи за Мундобаскетот 2027

Осум национални селекции кои завршија на првите две места во претквалификаациите, се изборија за настап во оној главен дел – кваалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Победниците на групите, Украина, Романија, Холандија и Хрватска, заедно со второпласираните: Швајцарија, Унгарија, Австрија и Данска, им се придружија на оние 24. репрезентации кои се дел од Евробаскетот 2025, и ќе се борат за пласман на наредниот Мундобаскет во Катар.

Согласно со претходната ждрепка (реализирана во мај), овие осум селекции си го најдоа своето место во главниот натпреварувачки „костур“.

Интересно е дека по поразот во Скопје од нашата најдобра селекција, наместо во групата „Б“ во која се Грција, Црна Гора и Португалија, репрезентацијата на Унгарија ќе игра во групата „Г“ во која се уште селекциите на Франција, Белгија и Финска.

Вреди да се напомене и тоа дека, две репрезентации кои ги поминаа претквалификациите за СК 2027, Украина и Данска се во иста група „А“, во која претходно беа поставени Шпанија и Грузија.

Исте е и случајот во групата „Ф“ во која ќе играат Австрија и Холандија, кои исто така беа дел од претквалификациите за Светскиот куп, плус Летонија и Полска.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 - НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Данска, Грузија, Украина, Шпанија

ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Португалија, Романија

ГРУПА Ц: Србија, Турција, БиХ, Швајцарија

ГРУПА Д: Велика Британија, Италија, Исланд, Литванија

ГРУПА Е: Хрватска, Германија, Израел, Кипар

ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Австрија, Холандија

ГРУПА Г: Унгарија, Франција, Белгија, Финска

ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија