Феникс 2010 ја совлада Струмица со (80:72), а Ангели беше подобар во Македонска Каменица против екипата на Кам Баскет со резултат (65:63).
Со тоа беа комплетирани сите 11. кола во досегашниот дел од второлигашката конкуренција.
Два натпревари во кои екипата на Ангели ја потврди својата лидерска позиција, не само во групата Исток, туку воопшто во Втората лига.
Екипата од Драчево е единствената која засега има максимален ефект, 11. натпревари - 11.победи.
Од друга страна нивен прв пратител на Истокот останува екипата на Феникс 2010, која по 11.кола има ефект од девет победи и два порази, пред Шкупи кој е на (8-3) и Борец Баскет со (7-4)...
На Западот, првото место е за Чаир 2030, кој има скор од десет победи и еден пораз, пред ГКК Охрид и битолска Хераклеа со (8-3).
Викендов се играат натпреварите од редовното 12. коло во кои ќе се сретнат:
ВТОРА ЛИГА
ИСТОК
САБОТА:
14.00: Баскет КАМ – Борец Баскет
14.00: Ролинг 08 – Про Баскет
18.00: Феникс 2010 – Ангели
18.00: Струмица – Куманово 2
НЕДЕЛА:
13.00: МКК Куманово – Шкупи
ТАБЕЛА: Ангели 22, Феникс 2010 20, Шкупи 19, Борец Баскет 18, Баскет КАМ 17, МКК Куманово 17, Струмица 15, Куманово-2 13, Про Баскет 13, Ролинг 08 11;
ЗАПАД
САБОТА:
13.00: ГКК Охрид - Спарта
13.00: Спорт тим – Партизан Водно Санс
17.00: Тетекс ТТК – Мега Баскет
19.00: Чаир 2030 – Риниа
НЕДЕЛА:
17.00: Пелистер Медика Карта - Хераклеа
ТАБЕЛА: Чаир 2030 21, ГКК Охрид 19, Хераклеа 19, Партизан Водно Санс 18, Тетекс ТТК 17, Пелистер Медика карта 16, Риниа 15, Мега Баскет 15, Спарта 14, Спорт тим 11;