Шесте екипи кои се најдоа во горната половина од табелата во Првата лига мажи за теквната сезона (2017/2018) ги одиграа сите меѓусебни натпревари сместени во десет натпреварувачки кола и ја комплетираа Супер лигата. Преостанатите шест екипи кои се најдоа во втората половина на табелата пак, ги комплетираа десетте кола во рамки на Плејаут лигата.
Екипите на Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Блокотехна и на Куманово ги освоија првите четири места на табелата во Супер лигата кои водат кон Плејоф разигрувањето. Полуфиналните возбудувања започнуваат веќе во вторник. Полуфиналната серија се игра во три добиени натпревари односно подобар од пет. Првопласираниот Работнички ќе се пресметува со Куманово во полуфиналната серија додека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе ја започне одбраната на титулата преку Блокотехна.
Во рамки на Плејаут лигата пак, се водеше борбата за опстанок во прволигашката конкуренција. По 22 кола во рамки на регуларниот тек на натпреварувањето и десет од Плејаут разигрувањето екипите на Струмица и на Карпош Соколи идната сезона, 2018/2019 се враќаат во втората по ранг лига во Република Македонија.
ТАБЕЛА СУПЕРЛИГА 2017/2018
ТАБЕЛА ПЛЕЈАУТ ЛИГА 2017/2018