Поранешниот младински репрезентативец погоди на 2.9 секунди и му донесе огромен триумф на Вардар во битката за опстанок, и дуелот со Академија ФМП (79:77).
Дерби на дното само на хартија. Во реалноста Вардар и Академија ФМП покажаа дека знаат да играат кошарка, и тоа добра. Макар што на крајот, победата ја однесоа момците во црвено-црна“ комбинација, онаа вардаровата...
ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ФМП 79:77
(24-19; 18-20; 18-21; 19-17)
Далеку помотивирано влегоа во овој натпревар кошаркарите на Вардар. Постојано, со една агресивна одбрана го притискаа противникот. Не му даваа лесни поени. Од друга страна пак, комплетната прва петорка делуваше поентерски доста разиграно.
Тоа резултираше и со сосема комотно водство од (17:11), а на истекот на првиот период и од (24:19).
Она што почнаа да го градат во првата, избранициге на тренерот Дарко Радуловиќ го продолжија во втората четвртина. Период од играта во кој стигнаа и до двоцифрена позитива од 11.поени (37:26), како што стоеше на семафорот „Под Кале“ по 15.минути играње. Имаа одлична реализација во тој дел од играта, особено во шутот за три поени (55%), но главна одлига беше агресивната дефанзива која не му даде многу напаѓачки опции на противникот.
И иако играа под очекувањата, сепак гостите стигнаа до нерешен резултат. Но не поведоа, па на крајот на полувремето ги казни Темелковски, па на одмор Вардар отиде со плус од три поени (42:39).
Не се сменија многу работите по паузата. Се водеше израмнета битка. Се таму некаде до 33.минута, кога по тројката на Харис, „академиците“ поведоа со (68:62).
Но младите момци од редовите на Вардар немаа намера да се предадат, напротив. По тројката на Радош, израмнија на (70:70), а по уште една, сега од Робев, и поведоа со (73:70) кога останаа да се доиграат 2:40 минути до крајот.
Ниту серијата од (7-0), за нова промена на водство не беше гаранција за успех на гостите од Кисела Вода. По забивањето на Блантон, на 93 секунди пред крајот, имаа предност од (77:73).
Но ја испуштија... Во серија погодуваа Прувел, Коне, а на нецели три секунди пред крајот ги шокира Робев.
На две кола пред крајот на регуларниот дел, двете екипи имаат идентичен ефект од 3. победи и 13.порази.
Комплетна статистика од мечот, ТУКА.
*На вториот меч од двојната програма во СЦ „Јане Сандански“, би се рекло очекувано, кошаркарите на Куманово 2009 го совладаа составот на МЗТ Скопје Уни Банка.
МЗТ Скопје Уни Банка – Куманово 65:79
(13-9; 20-26; 15-25; 17-19)
Кумановци имаа одлична трета четвртина во која водството од првото полувреме (35:33), го претворија во недостижни (60:48).
Па на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната, успеаја во обидот да стигнат до место кое води во Суперлигата. А во последните две средби, кумановските „сини бели“ ќе се обидат и да се искачат погоре од позицијата број 6 на која се во овој момент.
Комплетна статистика од мечот, ТУКА.