Италијанските „сини“ секако ќе играат на шампионатот, бидејќи се домаќини заедно со Германија, Чешка и Грузија, но настапуваат и во квалификациите и тоа многу успешно.
Со комбиниран тим, без евролигашките, и ѕвездите од НБА лигата, Италијанците до нов триумф против Русија ги предводеше Амадео Теситори со 27. реализирани поени и 9 скока.
Со 11.поени, Андреј Воронцевич беше единствениот руски кошаркар со двоцифрен број на реализации, премалку да се совлада дури и еден вака ослабен тим на Италија која има перфектни (4-0) по затворањето на „балонот“ во Талин.
Иако не играа вечерва, кошаркарите на Словенија обезбедија пласман на наредниот Евробаскет. Им помогна триумфот на Украина против Австрија (70:67), па „змаевите“ и без помошта на најдобриот свој кошаркар, Лука Дончиќ, ќе ја бранат европската титула освоена пред скоро три години. На две кола пред крајот, на Евробаскетот е и Украина, која има недостижни две победи во меѓусебните дуели со Австрија.
Односно, по четири некомплетни кола од групата „Ф“, Словенија е прва со скор (3-1), пред Украина (2-2) и Унгарија (2-0), додека Австрија останува без победа.
По 14.пат по ред, во завршниот дел од европскиот шампионат е и селекцијата на Израел која со победата над Полска (78:72), го задржи ореолот на неприкосновеност во групата „А“ со максималнии недостижни четири победи пред Романија, која очекувано е катастрофално поразена од Шпанија (41:94).
Планирано, макар и во изменет состав, со оваа втора победа, „црвената фурија“ ја заврши својата околу обезбедување тикет за Евробаскетот 2022.
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
ГРУПА А
Израел – Полска 78:72
Шпанија – Романија 94:41
ТАБЕЛА: Израел 8, Полска 6, Шпанија 6, Романија 4
ГРУПА Б
Русија – Италија 66:70
МАКЕДОНИЈА – Естонија одл.
ТАБЕЛА: Италија 6 (-1), Русија 6, Естонија 4 (-1), МАКЕДОНИЈА 2 (-2)
ГРУПА Е
Швајцарија – Грузија 84:91
Србија – Финска 75:66
ТАБЕЛА: Грузија 8, Србија 6, Швајцарија 5, Финска 4
ГРУПА Ф
Украина – Австрија 70:67
Словенија – Унгарија одл.
ТАБЕЛА: Словенија 7, Украина 6, Унгариjа 4, Австрија 4