16.11.2020

Хрватска и БиХ ја пропуштија првата шанса за пласман на Евробаскетот 2021...

КОМПЛЕТИРАНО 4. КОЛО ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Белгијките први низ целта-пласман на Европско првенство

Женската репрезентација на Белгија е првата која обезбеди пласман на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во 2021 година.

Со победата над Украина (83:66), Белгијките го задржаа максималниот ефект. Четири победи во четири натпревари, со кои се недостижни пред конкуренцијата во групата „Г“ во која освен Украина, се и Финска односно Португалија.

Со тоа им се приклучи како трета селекција на оние домаќините, Шпанија и Франција кои се ко-организатори на Евробаскетот.

По комплетирањето на 4. квалификациско коло, блиску до оние преостанати 13. места се уште неколку селекции. Или подобро кажано, непоразените на истекот на вториот „прозорец“ на ФИБА.

Словенија, од групата „А“, која е на ефект (4/0), Шведска од групата „Б“ (3/0), и Србија која е дел од групата „Е“ исто така без пораз во четири натпревари.

Голема шанса да бидат во тоа друштво испуштија кошаркарките на Хрватска, и на Босна и Херцеговина.

Хрватска неочекувано загуби од Летонија (83:69), додека пак по голема борба Босанките беа поразени на домашен терен од Русија (68:72). Па двете селекции се на ефект од три победи и еден пораз во пресрет на февруарскиот „прозорец“.

Според системот за натпреварување, пласман на Евробаскетот обезбедуваат победниците на деветте квалификациски групи, плус најдобрите пет кои ќе завршат како второпласирани.

Директен пласман на ЕП обезбедија репрезентациите-домаќини, Шпанија и Франција.