МЗТ Скопје Аеродром им се „нудеше“. Имаше негатива од седум поени на три и пол минути пред крајот (67:74). Но серијата од девет поени по ред, без противникот да постигне поен(и), го пресуди победникот. Кожув испушти голема шанса да го изненади шампионот во СЦ “Јане Сандански“.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ 76:74
(28-22; 19-26; 13-14; 16-12)
Најави тренерот на Кожув, Александар Јончевски дека екипата од Гевгелија како по некое правило секогаш игра добро кога доаѓа во Скопје. Особено тоа се однесува за натпреварите кои ги играат во СЦ „Јане Сандански“.
МЗТ Скопје Аеродром е инспирација за сите па и за Кожув. А првите 20.минути од последниот дуел од десеттото прволигашко коло и го потврдија претходно најавеното.
Кожув стигна до минимална предност (48:47), иако во тие две четвртини од играа, двете екипи ги разменија водствата,
Гевгеличани стартуваа со (19:13), водеа и со (22:18), но во последните две минути од првиот период МЗТ Скопје Аеродром направи серија од (10-0), за сосема пристојни (28:22).
Шампионот имаше највисоки (30:22) на почетокот на вториот кога дојде редот на Кожув да возврати. И тоа со своја серија, со траење од четири минути и реализација 12.поени по ред. За нова промена на водството, (34:30) како што беше во 14.минута.
Знак дека домаќинот треба да тргне посилно. Тоа „сино-белите“ го направија. Уште еднаш дадоа десет поени без противникот да одговори, за нова предност, сега од четири поени (40:36). Тројката на Крстевски одново ги врати на солидни (43:37), но до истекот на полувремето гевгеличани казнија неколку грешки и нервозата во домашните редови, за „минималец“ (48:47).
Крстевски и Стојановски искомбинираа 31.поен од оние 43 на бранителот на титулата, додека централна улога во играта на Кожув имаше „трилингот“ Пејн, Зданавичиус и Мареро.
Иако практично играа со шест играчи (Пајиќ како прва замена), кошаркарите од Гевгелија упорно ја чуваа минималната предност. Дури и ја зголемија на (55:47). Но уште еднаш му дозволија на домаќинот да се врати.
На нецели две минути пред истекот на третата четвртина да биде егал (60:60), за тој период, сепак, го решат во своја корист (62:60).
Не застанаа тука гостите, напротив. По кој знае кој пат по ред, изградија нова предност, Имаа и (70:61), по нивната нова серија (8-1), по три и пол минути од четвртината на одлука.
На 3:34 минути пред крајот се чинеше дека Кожув има „добитна комбинацвија“. Водство од седум поени (74:67). Но тоа време е долго во кошарката. Гевгеличани се исплашија од победата, а МЗТ Скопје А. Го има капитенот Стојановски. Со четири поени по ред, го усмери својот тим кон нов пресврт. Му помогнаа прво Магдевски, а потоа и Хиндс, кој на 12.2 секунди пред крајот ја врати предноста (75:74). На крајот и Стајиќ, кој ја загуби топката за победа.
МЗТ Скопје знаеше да го прифати подарокот и да победи .
По заслуга на репрезентативниот двоец: Стојановски и Крстевски кои финишираа со по 23. реализации со кои покрија доста од слабостите во играта.
На другата страна од теренот останаа тројцата „двоцифрени“, Мареро-19, Зднаавичиус-17, Пејн-16.