Со убедлив триумф од (86:65) против еден голем фаворит, Белгијците испратија силна порака дека се подготвени за пласман на Европското првенство во 2021...
Заврши првиот круг од евроквалификациите. Во две вечери се одиграа вкупно 16.натпревари кои донесоа неколку големи изненадувања.
Не толку е изненадувачката победа, колку што е убедлива, со 21.поен разлика, иако во текот на третата четвртина белгија имаше водство и од 34.поени.
Во вториот меч од оваа група „Ц“, Чешка едвај ја совлада Данска (75:71).
Злато вредна победа реализираа кошаркарите на Босна и Херцеговина. И тоа во Летонија, изразена со еден поен предност (62:61), со која сега се многу поблиску до учество на Евробаскетот. На другиот меч во групата „Х“, Грција беше подобра во балканскиот дуел со Бугарија (73:63).
Европското дерби го играа Германија и Франција, а го добија „панцерите“ со (83:69), додека во таа група„Г“, Црна Гора го одбрани домашниот терен во средбата со Велика Британија (81:74).
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
ГРУПА А
Романија – Шпанија 71:84
Полска – Израел 71:75
ИДНО КОЛО (23.02)
Шпанија – Полска
Израел - Романија
ГРУПА Б
МАКЕДОНИЈА - Естонија 72:81
Италија – Русија 83:64
ИДНО КОЛО (23.02)
Русија – МАКЕДОНИЈА
Естонија – Италија
ГРУПА Ц
Чешка – Данска 75:71
Белгија – Литванија 86:65
ИДНО КОЛО (24.02)
Данска – Белгија
Литванија - Чешка
ГРУПА Д
Хрватска – Шведска 72:56
Турција – Холандија 65:72
ИДНО КОЛО (24.02)
Холандија – Хрватска
Шведска – Турција
ГРУПА Е
Финска – Србија 58:80
Грузија – Швајцарија 96:88
ИДНО КОЛО (23.02)
Србија – Грузија
Швајцарија – Финска
ГРУПА Ф
Унгарија – Словенија 77:75
Австрија – Украина 73:88
ИДНО КОЛО (23.02)
Словенија – Австрија
Украина – Унгарија
ГРУПА Г
Црна Гора – Велика Британија 81:74
Германија – Франција 83:69
ИДНО КОЛО (24.02)
Франција – Црна Гора
Велика Британија - Германија
ГРУПА Г
Грција – Бугарија 73:63
Летонија – БиХ 61:62
ИДНО КОЛО (24.02)
Бугарија – Летонија
БиХ - Грција