Во седум од осумте групи има по една репрезентација со максимален ефект во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА. А два порази веќе запишаа силни селекции како Турција, Летонија...
Второто коло од квалификациите за ЕП 2021 беше комплетирано со уште неколку изненадувачки резултати.
Во преден план е вториот по ред пораз на селекцијата на Турција. На гостувањето во Шведска, четата на селекторот Уфук Сариџа запиша нова загуба, сега со резултат (80:87). Уште два бода помалку во плановите за пласман на Евробаскетот на еден од топ фаворитите.
Репрезентацијата која ги изненади пред неколку вечери, Холандија, не успеа да го повтори истиот подвиг во дуелот со Хрватска. Славеа „коцкастите“ со пресврт во последната четвртина. На крајот дури и убедливо (69:59), па со макси ефект ги чекаат ноемвриските возбудувања во кои како наредна обврска им следува токму дуелот со Турција.
Табелата вели дека по една селекција во седум од осумтте квалификациски групи има ист ефект како и Хрватска.
Израел ја прегази Романија (87:63), и ги помина Полска и Шпанија во поредокот од групата „А“.
Белгија чекори цврсто кон ЕП откако без особени напори ја надигра Данска (88:72), а во таа „Ц“ група поправниот испит го положија Литванците, со триумф над Чешка (97:89).
Многу подобро издание беше и на репрезентацијата на Франција, која во дуелот со Црна Гора дојде до висока победа (85:66), а неверојатна победа реализираа нашите источни соседи- Бугарија.
Во еден уште поневеројатен натпревар, со две продолженија, во Ботевград, го изненадија составот на Летонија (110:104), што е втор пораз за екипата од Балтикот.
Второто големо разочарување во овој февруарски круг од квалификациските натпревар за Евробаскетот 2021 година.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
ГРУПА А
Шпанија – Полска 69:80
Израел – Романија 87:63
ТАБЕЛА: Израел 4, Полска 3, Шпанија 3, Романија 2
ИДНО КОЛО (27.11)
Романија – Полска
Израел - Шпанија
ГРУПА Б
Русија – МАКЕДОНИЈА 77:67
Естонија – Италија 81:87
ТАБЕЛА: Италија 4, Естонија 3, Русија 3, МАКЕДОНИЈА 2
ИДНО КОЛО (27.11)
Естонија – Русија
Италија - МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Ц
Данска – Белгија 72:88
Литванија – Чешка 97:89
ТАБЕЛА: Белгија 4, Чешка 3, Литванија 3, Данска 2
ИДНО КОЛО (26.11)
Литванија – Данска
Чешка - Белгија
ГРУПА Д
Холандија – Хрватска 59:69
Шведска – Турција 87:80
ТАБЕЛА: Хрватска 4, Холандија 3, Шведска 3, Турција 2,
ИДНО КОЛО (26.11)
Холандија – Шведска
Хрватска - Турција
ГРУПА Е
Србија – Грузија 90:94
Швајцарија – Финска 64:69
ТАБЕЛА: Грузија 4, Србија 3, Финска 3, Швајцарија 2
ИДНО КОЛО (27.11)
Швајцарија – Србија
Финска - Грузија
ГРУПА Ф
Словенија – Австрија 85:78
Украина – Унгарија 60:62
ТАБЕЛА: Унгарија 4, Украина 3, Словенија 3, Австрија 2
ИДНО КОЛО (27.11)
Словенија – Украина
Австрија - Унгарија
ГРУПА Г
Франција – Црна Гора 85:66
Велика Британија – Германија 81:73
ТАБЕЛА: Германија 3, Франција 3, В. Британија 3, Црна Гора 3
ИДНО КОЛО (26.11)
В. Британија – Франција
Германија – Црна Гора
ГРУПА Г
Бугарија – Летонија 110:104
БиХ – Грција 65:70
ТАБЕЛА: Грција 4, БиХ 3, Бугарија 3, Летонија 2
ИДНО КОЛО (26.11)
Грција – Летонија
БиХ - Бугарија