Мрднаа работите од „мртвата топка“ во Данкерк. Гравелин стави крај на една лоша серија на игри и порази. Во 24.коло од француската ПРО А лига, совладан е По Лак Ортез со резултат (64:59).
Промената на тренерската позиција, очигледно влијаеше и врз играта на екипата од Данкерк која направи резултатски превсрт во второто полувреме од овој тежок, и со поени доста неефикасен натпревар.
Војдан Стојановски беше еден од најдобрите во победничката екипа. Нашиот капитен ја оддржа репрезентативната форма.
И за 35:10 минути, реализираше сосема солидни 11. поени, макар што погоди само една тројка од пет обиди, и имаше 40% на реализација од поле (4/10). Но затоа пак со седум скока беше втор скокач во Гравелин, дополнети со две успешни додавања до соиграчите.
По ова 24.коло, Гравелин има ефект од седум победи и 17.порази.