09.01.2023

За организација на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ 2023

КОНКУРС

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ги поканува заинтересираните правни и физички лица да поднесат пријава за организатор на финалниот турнир на кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2023 во машка и женска конкуренција.

Поднесувањето на пријавите е најдоцна до (понеделник) 16.01.2023 година на следната емаил адреса: contact@basketball.org.mk.

Во пријава потребно е да бидат наведени следните податоци:

  • Назив на фирма (за правно лице) или Име и презиме (за физичко лице)
  • Адреса на фирма (за правно лице) или адреса на живеење (за физичко лице)
  • ЕМБС (за правно лице) или ЕМБГ (за физичко лице)
  • Телефонски број, емаил адреса

По поднесувањето на пријавите за организатор на финалниот турнир на кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2023 треба да биде наведено дали пријавата се однесува за машка или женска конкуренција или за двете.

Организаторот на финалниот турнир за Купот 2023, кој ќе се одржи од 16-18 февруари 2023 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и според Прирачникот за организација на финалниот турнир.