15.06.2023

Кошаркарската федерација на Македонија, од 5.до 16. јули е организатор на Европско првенство за кошаркари до 20 години Дивизија „Б“

Конкурс за ангажирање лица за младинско Европско првенство во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) од 5 до 16 јули е организатор на Европско првенство за кошаркари до 20 години Дивизија „Б“.

По тој повод КФСМ објавува конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на Европското првенство за кошаркари до 20 години во Скопје.

Ќе бидат избрани вкупно 27 лица, од кои 19 водичи (team attache) за гостинските репрезентации и осум одговорни лица за во хотелите (information desk).

Натпреварите ќе се играат во спортските сали: Арена  „Борис Трајковски“ и СРЦ „Кале“ во Скопје. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: „Континентал“, „Бест Вестерн“, „Карпош“ и „Русија“.

Сите кандидати потребно е да се на возраст од 18. до 30. години и да имаат познавање од англиски јазик.

Сите заинтересирани потребно е да испратат биографија (CV) со фотографија на емаил: jane.petkovski@basketball.org.mk најдоцна до 25.06.2023 година.