23.06.2022

Македонската кошаркарска федерација од 7.до 17. јули 2022 година ќе биде организатор на ЕП за кошаркарки до 20 години Дивизија „Б“

Конкурс за ангажирање на лица

Македонската кошаркарска федерација  од 7. до 17. јули 2022 година ќе биде организатор на Европско првенство за кошаркарки до 20 години Дивизија Б во Скопје.

На првенството, покрај репрезентацијата на Македонија ќе настапат уште 17 репрезентации. Натпреварите ќе бидат одиграни во А1 Арената при спортскиот центар„Борис Трајковски“ и во спортскиот центар „Кале“.

Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: „Континентал“, „Бест Вестерн”, „Парк” и во „Русија“ во Скопје

КФСМ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на уште еден континентален собир во Скопје.

Ќе бидат избрани 17 водичи (team attache) за гостинските репрезентации.

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака  „За конкурс за ЕП во Скопје“.

- Водич на репрезентациja | team atache  – е лице кое ја придружува екипата на тренинзи, натпревари и е одговорно за насоки и помош на својата екипа надвор од хотелот или спортската сала.

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 30 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.

Рокот за пријавување е до 30 јуни 2022 година до 16:00 часот.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 3 јули 2022 година.

Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 7. јули и траат непрекинато до крајот на првенството односно 17. јули 2022 година.

Хонорарот за ангажманот изнесува 8.000 денари.