10.01.2024

15-17 февруари 2024 година

Конкурс за организација на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги поканува заинтересираните правни и физички лица да поднесат пријава за организатор на финалниот турнир на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ 2024 во машка и во женска конкуренција.

Поднесувањето на пријавите е најдоцна до 17.01.2024 година (среда) на следната емаил адреса:

contact@basketball.org.mk.

Во пријава потребно е да бидат наведени следните податоци:

- Назив на фирма (за правно лице) или име и презиме (за физичко лице)

- Адреса на фирма (за правно лице) или адреса на живеење (за физичко лице)

- ЕМБС (за правно лице) или ЕМБГ (за физичко лице)

- Телефонски број, емаил адреса

Во пријавите за организатор на финалниот турнир на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ 2024 треба да биде наведено дали пријавата се однесува за машка или женска конкуренција, или за двете.

По поднесувањето на пријавите за Федерацијата ќе одреди датум за јавно наддавање (лицитација).

Организаторот на финалниот турнир кој ќе се одржи од 15-17 февруари 2024 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и според Прирачникот за организација на финалниот турнир.