25.08.2019

Кошаркарите до 14 години завршија со настап на Slovenia Ball

Нашите најмлади машки репрезентативци завршија со настапот на Slovenia Ball, силен меѓународен турнир за возрасната категорија до 14 години.

Избраниците на Дарко Димитријевиќ беа сместени во групата А, а разигрувајќи во групната фаза запишаа еден триумф. Како четвртопласирани во групната фаза следеше разигрување за пласман од петтото до осмото место. Поразот од Хрватска во фазата за разигрување и пласман ни ја донесе селекцијата на Унгарија како противник за седмото место. На послендито натпревар нашата најмлада национална селекција не успеа да запише триумф. Со тоа, репрезентативците до 14 години се пласираа на осмото место на турнирот.

Резултати и статистика
22.08.2019
9:00h Црна Гора – Северна Македонија  „Gimnazija gym“
14:30h Северна Македонија – Израел  „Gimnazija gym“

23.08.2019
14:30h Бугарија - Северна Македонија  „Sports Hall“
20:15h Северна Македонија – Словенија   „Sports Hall“

24.08-25.08.2019
Северна Македонија - Израел
Унгарија - Северна Македонија