Кошаркарите кои се натпреаруваат во возрасната категорија до 16 години утре (6. јуни) и в четврток (7. јуни) ќе го одиграат последниот, завршен, турнир кој ќе го одлучи шампионот.
Во кадетската категорија ќе се натпреваруваат екипите на Вардар, кој е и организатор на овој турнир и актуелен шампион, Партизан Мулти Шпед, кој беше треторангиран ланската сезона, Феникс 2010 кој е минатосезонски вицешампион и МЗТ Скопје Аеродром.
Во рамки на првото полуфинале силите ќе си ги одмерат Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 15:00 часот. Второто полуфинале ќе започне два часа подоцна, во 17:00 часот помеѓу екипите на Вардар и Партизан Мулти Шпед.
Сите натпревари ќе се одиграат во малата сала на „Кале“. Натпреварот за трето место ќе се одигра в четврток со почеток во 15:00 часот додека финалето ќе започне во 17:00 часот.
Натпреварите кои ќе се одиграат в четврток ќе бидат пренесувани на Livestream. Линковите до статистика и до пренос ќе бидат достапни на насловната страница на вебсајтот на МКФ.

