12.03.2017

Кошаркарите до 18 години го одработија првиот селективен тренинг

Кошаркарите родени 1999 односно 2000 година ова попладне го одработија првиот селективен тренинг. Под ’диригентската палка’ на триото составено од Ѓорѓи Кочов, Атанас Димов и Бранко Андриевски, младите кошаркари во салата на Вардар (мала сала „Кале“) ги започнаа репрезентативните обврски кои допрва ќе станат пообемни. На јуниорите им претстои Европското првенство (Дивизија Б) кое оваа година ќе се одржи во Талин, Естонија во периодот од 28. јули до 6. август. Од денешниот вкупен број (32 кошаркари) Кочов, Димов и Андриевски ќе мораат да направат финален рез, да го преполоват бројот на репрезентативци кои ќе заминат во престолнината на државата од Балтикот.

"Сите повикани кандидати се јавија на првиот тренинг и максимално коректно ги одработија поставените задачи.  Следната недела повторно ке има собир каде веќе ке имаме појасна слика околу потенцијалот на повиканите кандидати" - кратко и јасно истакна Кочов.

На првиот селективен тренинг беа повикани 32 млади кошаркари. Листата може да се погледне на следниот линк.

Фотографиите од првиот селективен тренинг можат да се погладнат на следниот линк.