08.08.2025 Согласно со регулативите на ФИБА, „црвено-жолтите“ го одработија првиот тренинг во салата каде утре вечер ќе играат против Унгарија Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го одработи првиот тренинг во „Тисалигети“ Арената во Солнок, каде утре вечер, во 18.00 часот ќе го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар. Согласно со регулативите на ФИБА, нашите најдбри кошаркари го добија терминот во кој ќе се игра натпреварот, а селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, одлучија нашиот тим да има уште еден. Ќе биде реализиран на денот на одигрувањето на мечот со Унгарците, во периодот од 10. до 11. часот.