29.06.2022

По пристигнувањето во Истанбул, следува трансфер до Мадрид...

Кошаркарите заминаа за Сарагоса (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија изутринава отпатува за Сарагоса, каде во петок ќе му гостува на актуелниот светски првак, Шпанија во натпревар од 5. коло во квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

Кошаркарите од меѓународниот аеродром во Скопје тргнаа за Истанбул, од каде следува уште едне авио-трансфер до Мадрид. По пристигнувањето во шпанската престолнина, следува уште една „преселба“, и тричасовен автобуски превоз до Сарагоса, градот во кој на првиот ден од месец јули, ќе се игра натпреварот од „Г“ квалификациската група за пласмна на Мундобаскетот.