18.08.2019 Нашите најмлади репрезентативки завршија со настапот на меѓународниот турнир насловен „Slovenia Ball“ кој традиционално се одигрува во Словењ Градец. Кошаркарките предводени од Никола Златев како селектор и неговите асистенти Форка Ѓорѓиева и Ведран Белешковски беа дел од групата Б заедно со националните селекции на Хрватска, Украина, Летонија и Унгарија. Во рамки на групната фаза, нашите млади кошаркарки не запишаа триумф. Следеше фаза за разигрување во која репрезентативките двапати се надигруваа со Босна и Херцеговина. На првиот натпревар запишавме триумф, а потоа и реми. Со тоа, кошаркарките се пласираа на деветтото место на турнирот. Резултати и статистика 15.08.2019 11:15h Хрватска – Северна Македонија „Sports Hall“ 20:15h Северна Македонија – Унгарија „Sports Hall“ 16.08.2019 9:00h Северна Македонија – Украина „Gimnazija gym“ 18:00h Летонија – Северна Македонија „Gimnazija gym“ 17.08.2019-18.08.2019 Босна и Херцеговина – Северна Македонија Северна Македонија – Босна и Херцеговина