27.05.2018 Кошаркарките на Струга 2009 го освоија шампионскиот пехар во возрасната категорија до 18 години откако во рамки на финалниот натпревар славеа над врсничките од Бадел 1862 со 55-45. Избраничките на Владимир Ѓоровиќ ги детронизираа јуниорките на Бадел 1862 во натпревар во кој имаа речиси целосна контрола над резултатот. Целосната статистика може да се погледне на следниот ЛИНК. Снимка од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК. Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на клубот Струга 2009 за одличната организација на завршниот турнир. Честитки до сите екипи кои обезбедија пласман на овој завршен турнир.