29.11.2019

КОШАРКАРСКА ПОДДРШКА ЗА ИДЕИТЕ ВО СПОРТСКА МАКЕДОНИЈА

Со цел унапредување на спортските политики и улогата на државата во спортот и спортот во државата, со фокус на елиминирање на сите девијантни појави во спортот како допингот, хулиганството, насилството и криминалот, во Владата на РМ се одржа конференцијата „Спортот за државата, државата во спортот“, во организација на Асоцијацијата на спортски новинари, Македонскиот Олимписки Комитет со поддршка од Агенција за млади и спорт.

За Претседателот на Владата, Зоран Заев ја отвори конференцијата на која беа присутни и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски,спортскиот директор Тодор Гечевски, повеќе кошаркарски легенди како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, екс селекторите, Марин Докузовски и Марјан Лазовски, гостите од Србија, претседателот на Српскиот Олимписки комитет, Божидар Маљковиќ, претставува посебна чест што се обраќа на настан посветен на спортот.

За решавањето на еден од најголемите проблеми со спортските сали и враќањето на салите назад кон спортистите и граѓаните, кон општините и спортските федерации, премиерот Заев рече дека со тоа се исправа децениска неправда, и по долгогодишните лавиринти и манипулации со спортските објекти, тие повторно се ставаат во функција на спортистите и граѓаните.

„Салата Кале сега ја користи кошаркарската федерација. Вратени се објектите на општина Куманово, општина Радовиш, се бараат соодветни локации за другите федерации и денови се во прашање од враќањето на салата Партизан на општина Карпош. На добар пат сме и конечно да го затвориме Јавното претпријатие за стопанисување со спортските терени и објекти“.

Премиерот Заев потврди дека се прават анализи и се согледуваат најдобрите модели за да се овозможи на спортистите како најголеми амбасадори по завршувањето на кариерата да бидат третирани онака како што доликува.

„Тие се оставени на маргините на општеството, без ден работен стаж, без здравствено осигурување и најчесто без алтернативна професија и образование кое го испуштиле градејќи спортска кариера. Овие лица не смеат да бидат заборавени од општеството. Ќе го надминеме трајно и системски и ова, и нашите ветерани ќе добијат повластени услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата којашто мора да биде обезбедена“, рече премиерот Заев, со дополнение дека Владата и Агенцијата за млади и спорт континуирано вложуваат, обезбедуваат услови за квалитетни спортски можности и градат партнерски соработки со сите релевантни спортски федерации, институции и организации.