24.11.2020

Малку „олеснителни околности“ за нашиот национален тим во „балонот“ во главниот град на Естонија

„Ковид-19“ мерки и во Талин: Естонија-Македонија, само со 250 домашни фанови!

Со најновата одлука односно мерки потив коронавирусот, на естонските власти, ограничен пристап ќе има на оние места од затворен тип, како што се на пример, салите.

 

 

Согласно со тоа, ограничен ќе биде и бројот на посетители за време на претстојниот квалификациски турнир. И тоа на бројката од 250 навивачи, многу извесно, на естонската кошаркарска репрезентација.

Се чини поволна вест за нашиот национален тим, кој во оној натпревар на одлука, закажан за 30. ноември, против себе ќе нема и дополнителни 5.000 Естонци.

Новите законски одредби стапуваат на сила за неколку дена, односно на 28. ноември, на денот на започнувањето на „активностите“ во „балонот“ во „Саку Сурхал“ Арената во Талин.

По што на организаторот на турнирот, кошаркарската федерација на Естонија не му преостана ништо друго освен да ја суспендира продажбата на влезни билети за планираните четири натпревари.

Останува на сила, лимитиран број на седишта во Арената – 250, само за дуелот во понеделник навечер во кој Македонија ќе бие битка со Естонија за пласман на една од првите три позиции во групата „Б“ која води на Евробаскетот 2022 година.