Поради пандемијата на коронавирусот, денеска, и официјално кошаркарскиот шампионат то Турција е прекинат.
Претседателот на турската кошаркарска федерација, Хидает Туркоглу, изјави дека одлуката е донесена по консултациите кои ги имале со сите клубови.
Како што наведе Турокглу, шампионот за оваа сезона нема да биде прогласен во ниту една од лигите.
„Ова беше најдобрата одлука за кошарката“ – смета Туркоглу.
Поради пандемијата на коронавирусот, Суперлигaта на Турција беше прекината на 20. март, и беа суспендирани сите натпревари.
Првенството ќе се смета како воопшто да не се играно, и освен тоа што нема да има првак, нема да има ни испаѓање.
Во моментот на прекин, по одиграни 23 кола, лидер беше Анадолу Ефес со биланс 21-2 пред Пинар Каршијака со 20-3 и Фенербахче со 18-5.
Од посилните лиги во Европа, пред Турците своите првенства ги прекинаа уште Италија и ВТБ.