27.09.2020 За 14.минути во игра, во поразот од Реал Мадрид (64:87), Ненад Димитријевиќ постигна шест поени Екипата на Хувентуд е успеа да го задржи победничкиот почетен низ во „Ендеса“ лигата. По двете ефекти победи против екипитен а Уникаха и на Реал Бетис, нивната мини-серија ја запре, се чини, најголемиот фаворит за титулата во првенството на Шпанија, екипата на Реал Мадрид. „Кралевите“ имаа фуриозен почеток кој го претворија во убедлив триумф на гостувањето во Бадалона (87:64). Ненад Димитријевиќ не се најде во почетната петорка репрезџентативец против топ-фаворитот. За нешто повеќе од 14.минути во кои реализираше шест поени (0/3 за три и 3/5 за два поени), плус три освоени и една загубена топка.