28.03.2023

Официјализиран е договорот со познатата компанија

КРИО МК – нов партнер на федерацијата (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови на функционирање на сите активни чинители во кошаркарскиот спорт во Македонија.

Како дел од планираните активности, денеска, беше официјализиран и договорот за партнерство со компанијата „КРИО.МК“ од Скопје.

„Кошаркарската федерација ја продолжува со соработка со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови за кошаркарите и за клубовите, пред се и репрезентацијата. Среќен сум што потпишавме договор со компанијата „Крио.мк“ на чело со Бранко Стојановски и што тој, со неговата компанија ќе биде дел од Федерацијата Сигурно е дека со машините кои тој ги нуди, ќе се донесе голема помош за кошаркарите“- потенцираше претседателот на федерацијата, Перо Антиќ. „Со овие терапии лично се запознав во НБА-лигата, бев изненаден кога ќе се влезе дека беше ладно, но чувството по еден третман е одлично, како да не си тренирал. Ние од постарата генерација бевме навикнати на други третмани, но како одминува времето, така технологијата оди напред. Затоа ние ќе мора да направиме подобри услови“.

Новиот партнер на нашата федерација, Бранислав Стојановски, и неговата компанија „КРИО.МК“ од Скопје, на прес-конференцијата всушност ги потврди заложбите на првиот човек на нашата кошарка:

„Чест е и задоволство да се биде партнер и спонзор на Кошаркарската федерација. Се надеваме на поголеми успеси на спортистите, да им овозможиме добро и квалитетно заздравување, ќе им овозможиме најсовремена апаратура за пост-повреда, по тешки тренинзи и слично, со кои, се надевам ќе постигнат подобри резултати. Членови сме на други Федерации, исто како што работиме таму ќе работиме и тука. Ќе работиме да ги едуцираме сите како да ги користат сите услови“.

Стојановски се обиде да го објасни начинот на функционирање, и кои се бенефитите од методите кои ги спроведува „КРИО.МК“.   

„Ова се специјални машини кои работат на минусни температури. Докажано е дека ладните бањи или кади, дека се совршени пост-тренинг, но овие што работат на -160 степени се подобри за детална регенерација на клетки митохондри. Тоа значи како играчот да немал тренинзи и напад претходно и веднаш може да продолжи со истиот напор и тренинг од претходно.

Имаме и други апаратури кои ги користиме. Тоа се ‘Норматек’, за спортска масажа, ‘Инфраред’ зрачење, нешто што во моментов е најважната алатка во борбата за заздравување. Имаме и локално ‘крио’ коешто се надевам дека нема да имаме проблеми со спортистите. Тоа е за локализирање на повреда на раце, нозе или зглобови, само што се нанесува локално. Имаме голем пристап кон заздравување, пост-заздравување и што треба да се прави во домашни услови“- истакна Стојановски.

ПОРТФОЛИО – „Golden king сompany“

Компанијата КРИО МК е оформена од 2015 година и е ексклузивен дистрибутер и производител на опрема за заздравување, медицинска и спортска дијагностика и физикална терапија за Југоисточна Европа, со сопствено застапништво во Македонија, Хрватска и Полска.

КРИО МК го има првиот центар што располага со целосна опрема на Cryo sauna, Local Cryo, Cryo fusion, Float tank, Ice Bath, Normatec, Red light therapy, Nanovi, Ozon generator, Cortex medical, HP cosmos, TMG, Opto gait, Opto jump, Gyko, Polar и др.

Партнер/спонзор со Македонски Олимписки Комитет, Специјална олимпијада на Македонија,Кошаркарска федерација на Македонија, соработка со Меѓународен Олимписки Комитет, д-р Даворин Антониќ - Ларус спорт и Kинезиолошкиот Факултет од Хрватска. Соработува со тренери од NBA, EXOS, BAYLOR UNIVERSITY...

Етаблирани се како прва компанија на Балканот што го донесе целиот систем за заздравување во комбинација со медицинските и спортските дијагностички машини за центри и болници како и за домашна употреба.