Криси Гивенс повеќе нема активно да се занимава со кошарката. Поранешната македонска сениорска репрезентативка, одлучи да стави крај на својата богата, пред се, интернационална кариера.
Оваа 35.годишна Американка ќе ја паметиме и по настапите за нашиот женски национален тим. Пред пет години, на првиот квалификациски турнир за Европскиот шампионат во 2015 година, Американката со македонски пасош во дуелите со Португалија, Израел и Германија, дојде до просек од 16.7 поени, 8.скока и 4.7 асистенции за вкупно 124 минути поминати на паркетот.
Потоа, во оние квалификации за Евробаскетот 2015 година, Гивенс ги одигра сите шест натпревари за нашиот женски сениорски национален тим, против селекциите на Велика Британија, Литванија и Белгија. Притоа имаше и најдобар просек изразен преку реализација на 27.5 поени, 8.2 скока и 3.78 асистенции по натпревар.
Гивенс се јави и на повикот за настап во квалификациите за ЕП 2019 година. Одигра два натпревари, против Италија, реализираше 22.поени, 6.скока и 3.асистенции, и против Шведска. Последен натпревар за неа во „жолто-црвениот“ дрес, одигран на 15.ниоември , 2017 година во Содертаље, а на кој за 40.минути, реализираше 18.поени, 7.скока и 2.успешни.додавања.
Последната сезона во Европа, Гивенс ја одигра како играч на романскиот прволигаш Сепси.
На 20. мечеви во регуларниот дел од сезоната која беше прекината поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, 180. сантиметри високата натурализирана Македонка во просек реализираше по 16.5 поени, имаше и 4.8 скока, и 2.5 асистенции за просечни 23.8 минути поминати на теренот.
Имаше одлични 75.8% во шутот за два, високи 42.5% за три поени, како и 76.9% од линијата за слободни фрлања, и беше најдобар играч во својот тим.
Нашата федерација на Криси Гивенс и посакува сè најдобро во продолжението од нејзината, се надеваме исто така, успешна, тренерска кариера!