16.01.2020

Кристијан Чушков во посета на КФСМ

Директорот на Јавното Сообраќајно Претпријатие на град Скопје - ЈСП Скопје, Кристијан Чушков, денеска ги посети канцелариите на КФСМ.

Господинот Чушков, поради неодложни обврски, оправдано не присуствуваше на свеченоста која ја организира Кошаркарската Федерација пред речиси еден месец на која ги награди најдобрите во кошарката за 2019 година. Јавното Сообраќајно Претпријатие е долгогодишен партнер на КФСМ и и овозможува беспрекорна организација и тек на настаните.

Раководството на Кошаркарската Федерација, го нагости Директорот во просториите на КФСМ и му ја врачи благодарницата за особен придонес и развој на кошарката.