18.08.2021

Претквалификации СК 2023

КРИСТИЈАН НИКОЛОВ: „Први сме во групата, одиме понатаму, среќни сме...“

„За нас беше тежок меч, минавме 40 дена заедно, наша цел беше првото место и целта е остварена. Одиме понатаму, среќни сме. Не требаше да загубиме вака. Премногу бевме уморни. Мислам дека малку влеговме опуштено, но пак ќе повторам, целта е остварена. Одиме како први во квалификациите. Не влеговме во овој меч да го загубиме и не тактизиравме. Одиме понатаму како први, тоа ни е најважно“- изјави Кристијан Николов.