26.02.2021

Покрај домаќинот, во недела ќе играат и другите два македонски претставници, Вардар и Бадел 1862...

Крива Паланка – домаќин на група од У-17 од WABA лигата

Екипата на ЖКК Крива Паланка овој викенд, поточно во недела ќе биде домаќин на еден турнир во У-17 категоријата кои ги организира менаџментот на WABA лигата.

Собирот ќе биде комплетно македонски. Покрај домаќинот, екипата на ЖКК Крива Паланка, ќе учествуваат и соодветните селекции на Вардар и Бадел 1862 од Скопје.

Во салата „Бранители 2001“, че се играат вкупно три натпревари, по системот „секој со секого“, но без присуство на публика, поради пандемијата предизвикана на вирусот Covid-19.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

28.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА):

11.30: Крива Паланка – Вардар

13.30: Вардар – Бадел 1862

15.30: Бадел 1862 – Крива Паланка