Екипата на Крива Паланка е „победник“ на турнирот од WABA лигата за кошаркарки „Под 17“ години.
Младите кошаркарки на Крива Паланка ги добија двете средби против екипите на Вардар и Бадел 1862.
На премиерниот меч од турнирот од „Б“ групата на ова натпреварување, беа подобри од екипата на Вардар (87:76), а на вториот делуваа уште поубедливо. Славеа против Бадел 1862 со високи (90:69).
Една победа на турнирот во Крива Паланка реализираа кошаркарките на Вардар. Во пресметката со Бадел 1862 беа подобри со резултат (88:81).
РЕЗУЛТАТИ
Крива Паланка – Вардар 87:76
Вардар – Бадел 1862 88:81
Бадел 1862 – Крива Паланка 69:90