24.05.2022 сребро за Баскет Кам 2011, бронза за Трокал! Златни медали вечерва ги красат кошаркарките од Крива Паланка откако јуниорскиот состав ја обезбеди шампионската титула во возрасната категорија до 18 години. Избраничките на Ведран Белешковски не ги штедеа своите противници во финалето, јуниорките на Баскет Кам 2011, против кои славеа со речиси двојно повеќе поени (101-51). Михаела Алексовска се здоби со признанието најкорисен играч. Претходно, во натпреварот за трето место, кошаркарките на Трокал со триумф од 66-73 над Бадел 1862 се закитија со бронзените медали во оваа конкуренција за сезона 2021/2022. Фотографии од денешните натпревари се достапни на официјалната FB страница на КФСМ. Снимки од натпреварите: Полуфинале 1: Крива Паланка - Бадел 1862 Полуфинале 2: Трокал - Баскет Кам 2011 Натпревар за трето место: Бадел 1862 - Трокал ФИНАЛЕ: Крива Паланка - Баскет Кам 2011