Почнаа одлично, а сега влегоа во серија на порази, во криза на игра, во криза на резултати.
Андреј Јакимовски и неговите Кугарс, загубија уште еден натпревар. По втор пат за кратко време на домашен терен, и четвртти во серија.
Поразени се на домашен терен од составот на Јута со резултат (56:71), а одлучија првите 20.минути кои гостите ги добија со убедливи (43:26).
Уште еднаш, Андреј Јакимовски беше стартер за Вашингтон Стејт. Одигра 25. минути, но не постигна поени. Шутираше 0/5 од игра, но имаше шест фатени топки, што е над неговиот сезонски просек.
По овој пораз, Вашингтон Стејт остана на шестата позиција во Пацифик-12 дивизијата со биланс од девет победи и и пет порази.