По тешкиот пораз во последното коло на гостувањето кај Блои (77:113), раководството на францускиот второлигаш се одлучи за тренерска смена, и го постави Србинот Недељко Ашчериќ за нов шеф на стручниот штаб.
Кризни моменти во Евре, екипата за која во оваа сезона настапува нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.
По враќањето од репрезентативните активности, на последниот ден од февруари, Ѓуроски одигра само 14.минути за Евре во тешкиот пораз на гостувањето кај лидерот во ПРО Б лигата, Блои (77:113).
Период поминат во игра а во кој високото крило реализираше девет поени (2/5 за три,1/2 за два, и 1/2 за еден поен), и по еден скок и додавање.
Пораз по кој веднаш уследи реакција од раководството на Евре. Односно промена на првата тренерска позиција. И на местото на сега веќе поранешниот тренер Фабрис Лефрансоа, е именуван 54. годишниот Србин со австриски пасош, Недељко Ашчериќ.
Во Евре се надеваат дека со Ашчериќ на клупата, екипата ќе стави крај на кризниот период во кој по 21.коло и скор (7-14), паднаа дури на 16.позиција во ПРО Б лигата на Франција.
Зад нив се само две екипи, Сент Квентин, со ефект (5-16) и Поитиер кој има (2-19).