05.02.2021

Вашингтон Стејт оствари и втора победа по ред, против Орегон (74:71)

„Кугарс“ им се вратија на победите, дефинитивно...

Кошаркарите на Вашингтон Стејт се вратија на победничка патека, откако ноќеска остварија и втор триумф во серија.

Популарните „Кугарс“ на гостински терен го совладаа Орегон со (74:71), што е нивна 11. победа во 18. одиграни натпревари во оваа сезона.

Андреј Јакимовски не беше стартер во гостинскиот тим. Но помина 25 минути на теренот. Време за кое постигна пет поени (1/2 за два, 1/2 за три поени), плус четири скока, две асистенции и една блокада.

Утре вечер Вашингтон Стејт го очекува натпревар со Орегон Стејт, по што следува серија од четири натпревари на домашен паркет.