24.03.2022

Екипата на Вашингтон Стејт Универзитетот обезбеди пласман на завршниот турнир од NIT (National Invitation Tournament).

„Кугарс“ поминаа понатаму, Андреј Јакимовски ќе игра во славниот „Медисон Сквер Гарден“

На гостувањето кај Бингам Јанг Универзитетот, популарните „Кугарс“ славеа со сигурни (77:58) и идната недела ќе играат во „Медисон Сквер Гарден“ каде традиционално се одржува завршницата од ова натпреварување.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски не се запиша во листата на стрелците, но за десетте минути на теренот оствари четири скока.

За ВСУ ова ќе биде втор настап во завршницата од NIT, а прв по 2011 година кога член на екипата беше сегашната ѕвезда на Голден Стејт, Клеј Томпсон. А противник на Кугарс во полуфиналето кое се игра на 29. март, ќе биде Тексас А&М.