20.07.2021

Двата македонски претставници се дел од ждрепката за ФИБА натпреварувањето

Куманово 2009 и ТФТ ќе ги дознаат своите противници на 19 август

Екипите на Куманово 2009 и на ТФТ, двата наши претставници кои се пријавија за настап во ФИБА Еврокупот, имињата на своите противници во првиот круг од натпреварите ќе ги дознаат на 19. август.

За овој термин, во хотелот „Мериот“ во Фрејзинг, од 11. часот, е предвидена да се одржи ждрепката за натпреварувачките двојки во ова натпреварување, како и во женскиот сегмент (Евролигата и Евро Купот).

Неколку дена подоцна, на 25. август, преку видео-линија, клубовите кои се дел од овие натпреварувања, ќе имаат дополнителен состанок на кој ќе бидат дефинирани датумите и сатниците за одигрување на натпреварите.