19.02.2022

Во одлично полуфинале беа подобри од Вардар (74:64), и утре од 17.часот, ќе играат против Бадел 1862

КУП 2002 – ЖЕНИ: Баскет Кам 2011 ќе го брани трофејот

Екипата на Баскет Кам 2011 е вториот финалист на овогодинешното издание од Купот „Благоја Георгиески-Буштур во женска конкуренција. Во дуелот со екипата на Вардар имаа одлична завршница со која стигнаа до победата, и шанса во утрешното финале, против екипата на Бадел 1862, да го бранат трофејот кој го освоија лани, на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

БАСКЕТ КАМ 2011 – ВАРДАР    74:64

„Вардарки“ беа екипата која имаше далеку подобар почеток во вториот полуфинален дуел од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. За нешто повеќе од шест минути направија солидна предност од (11:4), и го натераа тренерот на Баскет Кам 2011, Јордан Цветановски да побара тајм-аут.

Интересно, првите осум поени за бранителот на пехарот ги постигна Пуљизовиќ, а таа сиромашна четвртина заврши со предност на Вардар (11:9).

Втората четвртина донесе малку поинаква слика. Со серија (7-0), екипата Македонска Каменицца го презема водство. Поведе со (16:11), за вардаров тајм-аут, по 2:20 минути од играта во тој период.

Добро искористен затоа што се вратија со пет поени во серија, за нерешени (16:16).

Во таков ритам продолжија возбудувањата до крајот на полувремето. Двете екипи разменија по неколку водства.

По 20.минути резултатот беше нерешен (29:29).

Но во играта на двете страни се вклучија повеќе расположени кошаркарки. Тасевска запиша 7, Антиќ 6, а Алексиќ 5 поени за тимот од Македонска Каменица.

Поентерски предводник на Вардар беше Славица Наков, со 15. реализации во тој дел до играта, апсолутно израмнет.

По израмнетиот трет дел, во кој одново немаше резултатски отскокнувања, во оној последниот Кам Баскет 2011 успеа да се одвои. На пет минути пред крајот, девојките во „сино-бела“ комбинација имаа плус од девет поени (63:54). А по тројката на Тасевска и уште повисоки (66:56).

Иако останаа без својот најдобар играч, Наков (даде 27.пени), „вардарки“ ја преполовија негативата на (62:67). И имаа доволно време, нецели три минути да го анулираат во целост. 

Потегот на натпреварот го имаше најдобрата кошаркарка на Баскет Кам, Јелена Антиќ, која на минута и пол до крајот со „два плус еден“ игра, донесе недостижни (70:62).

И ново финале за екипата од Македонска Каменица. Утре попладне од 17.часот, против ланскиот противник – Бадел 1862.