Од 19.30 часот, во последниот четвртфинален меч, вечерва играат Еуро Никле 2005 и Навико Академија ФМП
„Купот е најспецифичниот во овој спорт. Се случувале доста изненадувања и нема изразити фаворити. Мислам дека таков ќе биде и нашиот меч со Академија ФМП. Тие заслужуваат максимален респект за игрите оваа сезона, за тоа говори и нивното место на табелата. Ние ќе го дадеме максимумот да успееме да ги победиме. Се работи за млада и полетна екипа, наша цел е да ги намалиме нивните поени во транзиција, да ги сведеме на игра ‘пет на пет’ и така ја гледам нашата шанса во успех во тој натпревар“- вели Дарко Соклов, капитенот на кавадаречкиот Еуро Никел 2005
За Александар Петровиќ, тренерот на Навико Академија ФМП пред се е чест што неговата екипа втора година по ред е дел од звршниот турнир.
„За нас претставува голема чест што по вторпат ќе играме на завршниот турнир од Купот. Очекувам мојата екипа на првиот меч да се покаже во најдобро издание. Секако дека очекувам еден интересен дуел, но посакувам победа на мојата екипа. Секој респект до тимот на Еуро Никел 2005, но се надевам дека ќе го повториме ланскиот успех, тоа е влез во полуфиналето“.