18.02.2022

Од 17.часот, Феникс 2010 бара победа во деби-настапот во завршницата на Купот

КУП 2020: Може ли Работнички да се издигне над проблемите и да се пробие до полуфиналето?

Можеби за прв пат по долги години, екипата на Работнички не е во кругот на фаворити за освојување на трофејот во Купот. Турбулентниот период низ кој минува клубот од „Градски парк“ се одрази и на резултатите.

Денеска, од 17.часот, ги чека четвртфиналната пресметка против дебитантот во ова натпреварување – Феникс 2010.

„Зад нас е еден тежок и турбулентен период, но полека се консолидираме. Ги чекаме новите играчи, кои во продолжението од сезоната ќе помогнат и ќе бидеме достоен противник. Што се однесува до тимот на Феникс, според мене тие се едно од најпријатните изненадувања оваа сезона. Играат брза и добра кошарка. Без разлика на нашиот последен меѓусебен дуел кој што беше пред околу две седмици, мислам дека ова ќе биде поразличен натпревар. Ќе дадеме се од себе, а подобриот нека победи“- порачува капитенот на „црвено-белите“ – Горјан Марковски

Пред себе ќе имаат екипа коај дефинитивно е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сењзоната.

„Иако Феникс за првпат ќе игра во Купот на Македонија, овој клуб има големи амбиции. Исто така за нас ова е голем предизвик, имаме квалитет и максимално сме подготвени да дадеме се од себе и да се прикажеме во најдобро светло“ – вели кратко пред дебито во овој ранг на натпреварување, репрезентативецот Андреј Митревски.