07.05.2021

Младиот репрезентативец ја прифати поканата да биде дел од собирот во „Кале“

КУП 2021: Андреј Јакимовски специјален гостин на првиот ден

Андреј Јакимовски ги своите своите школски и кошаркарски активности во САД, и веќе неколку денови е на заслужен одмор во Македонија. Но не издржа долго нашиот млад репрезентативец без кошарка.

Се појави во салата на СРЦ „Кале“ за да го проследи првиот полуфинален меч од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ во кој се сретнаа екипите на Бадел 1862 и неговата Крива Паланка.

Секако, незаобиколен беше и разговорот со првиот човек на нашата федерација, Перо Антиќ, околу идните планови на нашиот сениорски тим, кој веќе во август го чекаат новите обрски, сега во претквалификациите за СК 2023.