Со доминантна игра, од првата до последната минута, покажаа дека во овој момент со подобра екипа од Гостивар и со право, утре попладне, од 17.часот го продолжуваат својот пат на турнирот во Скопје.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ГОСТИВАР 84:75
Многу подобро почнаа кошаркарите на Еуро Никел 2005. По нецели пет минути реализираа водство од (1:3), што го натера тренерот на Гостивар, Александар Јончевски во раната фаза да потроши тајм-аут. Серијата кавадарчани ја претворија и во двоцифрена предност (15:3).
Костоски стави крај на празните минути за Гостивар. Но кавадарчани немаа намера да запрат. Стигнаа и до плус 17 (26:9) во 10. минути од третиот четвртфинален меч.
Во вториот период, екипата од Кавадарци продолжи со доминантната игра. За разлика од нив, Гостивар делуваше доста неорганизирано, пред сè, во фазата на нападот. Одново „сино-белите“ влегоа во празни минути, што Еуро Никел 2005 знаеше максимално да го користи, и да „набилда“ уште повисока позитива.
Имаше екипата на тренерот Горан Самарџиев и (35:16).
Но со мини-серија од (11-2), Гостивар се приближи на многу подостижни, (27:37). Но со шут за три поени (1/14), не можеа да ја сведат негативата на едноцифрена. Напротив, кавадарчани имаа комотни (45:31) со кои заминаа на голем одмор.
Само сто секунди поминаа од второто полувреме, ама доволно за екипата од Кавадарци да стигне до максимално водство (53:33), и да најави дека е подготвена за настап и во саботната програма.
Односно полуфинале каде за противник ја има екипата на Работнички.
Во меѓувреме, гостиварции останаа и без помошта на Вокер, кој не ги надмина проблемите со скочниот зглоб, што уште повеќе им ја олесни работата на кавадарчани во второто полувреме, во кое со секоај одмината минута само ја покачуваа предност, и по истекот на третата четвртина, веќе ја направија недостижна.
Имаа (74:44) на истекот на 30.минута од овој нерамноправен дуел.
Но, приказната не беше завршена, затоа што кошаркарите од Кавадарци како предвреме ја прославија победата и пласманот во првите четири екипи на собирот во СРЦ „Кале“.
Сериозна опомена за нив беше серијата од 16. поени, по која на половина од последната четвртина резултатот беше „само“ (74:60).