Првото четвртфинале помеѓу екипите на Пелистер и на Навико Академија ФМП донесе големи возбудувања на теренот во СРЦ „Кале“. Фолме број на промени на водството, егал-резултати, а се решаваше во последните две минути.
ПЕЛИСТЕР – НАВИКО ФМП АКАДЕМИЈА 98:100
Помалку и изненадувачки, во 7. минута од играта, Навико Академија ФМП имаше водство од (19:13). „Пелистерци“ делуваа доста стегнато, особено во фазата на нападот. Беа казнети со уште една тројка (втора) од Атанасов, за (14:22), и тајм-аут на Марјан Илиевски, кој по долга пауза се врати на клупата на „зелено-белите“. Без особено ефект затоа што „црно-белите“ во таа одлична четвртина, имаа и слични (25:18), за тој дел од играта го решат во своја корист, но со нешто пониски, но солидни, (25:21).
Дел од играта во кој Херис, Атанасов и Крстајиќ дадоа 22, од 25 поени за Навико Академија ФМП, а Малешевиќ имаше девет кај екипата од Битола.
Не променија ништо момците од Кисела Вода и во вториот период, одржуваа водство од шест-седум поени, (34:27) беше во 13.минута од играта во првото четвртфинале.
Фаворитот никако не успеаше да го пронајде својот ритам, оној по кој беше препознатлив во регуларниот дел од шампионатот во кој завршија како првопласирани. Две минути подоцна, по тројката, сега на Ф. Стојановски, „академиците“ беа на плус 6 (40:34), нешто потоа и повисоки (45:38). И (47:40).
Дури по серијата од (8-0), на 2:14 минути пред крајот на полувремето Пелистер поведе, со минимални (48:47).
За прв пат во првите 20.минути!
Тука битолчани не застанаа, ја продолжија серијата која им донесе уште повисоки (55:49), по што тренерот на скопската екипа, Александар Петровиќ, за кратко време ја „потроши“ и втората минута за одмор.
Ефикасната втора четвртина заврши со предност на Пелистер (57:53).
Во исто темпо продолжија „пелистерци“ и по одморот. Подобро го отворија второто полувреме. За три минути игра имаа вишок од осум поени (68:60).
Но останаа без помошта на својот капитен Бојан Трајковски, кој во 24.минута, при резултат (68:66), ја напушти играта (поради повреда на скочниот зглоб).
Излегувањето на Трајковски донесе мала вознемиреност во играта на Пелистер, но битолчани ја одржуваа разликата од два до шест поени во третата четвртина. Но само до 38.минути, кога упорните „гости“, не само што стигнаа до нерешен резултат (77:?7), туку со „пеналите“ на Херис и Л.Стојановски, на истекот на 30.минута, преминаа и во водство (80:77).
Но битолчани го имаа извонредниот Игор Кесар, кој одново ја врати предноста на „зелено-белата“ страна (85:80)., по што, во нецели три минути, тренерот на Навико Академија ФМП, Петровиќ мораше да реагира уште еднаш со тајм-аут. Успешен, со две тројки на Крстајиќ и Л. Стојановски, за нова промена на водството (86:85).
Го поништи Калахан, од истата позиција, за (91:91) кога останаа 3:12 минути до крајот.
„Пенал-серијата“ продолжи до самиот крај, и донесе доста нервоза, на двете страни од теренот. Нерешено (96:96) беше и на 1:19 минута до крајот на играта.
А потоа моментот на одлука. Тројка на Крстајиќ на истек на нападот, за (99:96) на 8.5 секунди до крајот!
Л.Стојановски „потроши“ три секунди,и го испрати Калахан на линијата за слободни фрлања. Беше мирен Американецот (за 98:99). Крстајиќ половичен за (100:98), но доволно за големо славење на „академиците“.
Од 14.30 часот следува вториот четвртфинален натпревар на турнирот во СРЦ „Кале“, во кој се среќаваат екипите на Работнички и на ТФТ.