07.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

КУП 2021: Изјави по натпреварот Бадел 1862 – Крива Паланка (ВИДЕО)

Бадел 1862 – Крива Паланка 77-56

 

 

Перо Стамевски, тренер Бадел 1862
„Прво би сакал да им честитам на моите девојки за прикажаната игра како и на екипата на Крива Паланка која пружи достоен отпор за полуфиналето. Што се однесува до нашата игра, испочитувавме некои работи, некои работи дојдоа после со опуштањето, почнавме да мислиме на финалето, но сепак мислам дека добро го завршивме натпреварот. Мислам дека второто полуфинале ќе биде крајно неизвесен натпревар. Кого и да кажам дека ќе биде финалист би било неблагодарно. Очекувам двете екипи да дадат максимум“

 

Мирослав Ивановски, тренер Крива Паланка
„Што се однесува до нашиот натпревар, првото полуфинале, пресудно беше искуствто и возраста. Би сакал да им ја честитам победата на Бадел 1862. Да не се повторуваме, ние сме една од најмладите екипи воопшто во првенството така што ова што сме сепак сме дел од оваа завршница на Купот на Македонија е еден голем успех. Тука нема да застанеме, одиме чекор по чекор и следно за нас е плејофот. Ова е нормално еден голем мотив за нас да продолжиме понатаму. Желни сме за победи и мислам дека ќе прикажеме една добра игра и ќе имаме добра завршница до крајот на сезоната“